Со почитувањето на сите протоколи за одржување на јавни културни настани, денес во дворното место на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани се одржа Меѓународниот ден на литературата за деца под мотото „Другарувањето со книгите нй е песна – Фестивал на децата, книгите и музиката“.

По поздравното обраќање на Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, организаторите на манифестацијата на соработниците и помагателите на библиотеката: Општина Кочани, Ротари Клуб „Кочани-Виница“, „Амфенол“ и ОО на „Црвен крст“ – Кочани им врачија благодарности.

DSCN0324

Според агендата, на манифестација се одржа Трибина на тема „Специфичноста, позитивните влијанија и присуството на литературата за деца во детскиот развој и во креирањето на детскиот свет“ чии излагачи беа проф. д-р Јованка Денкова, м-р Ели Маказлиева и м-р Татјана Лазарова – Осоговска.

На Меѓународниот ден на литературата за деца беа промовирани и книгите „Мали детски разговори“ од академик м-р Зоран Пејковски, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за 2019 година и „Заедно да растеме“ од Филип Димковски.

DSCN0331

Меѓународни пораки по повод „Меѓународниот ден на литературата за деца“ читаа членови од Литературниот клуб „Копнеж“ од Кочани.

Манифестацијата која требаше да се одржи на 2-ри Август а поради пандемијата беше одложена и се одржа денес е финансирана од програмата од областа и заштитата на културното наследство при „Министерството за култура“ и Општина Кочани.

С. Ивановски

DSCN0311

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари