По добиеното известување за прекинување на соработката, односно за исфрлување од салата во ОУ „Никола Карев“ од Аикидо Клубот „Нико“ со експресна реакција, поднесуваат приговор кој Ви го пренесуваме во целост:

Предмет: (Приговор) Одговор на Известување Бр.03-260/1 од 04.09.2015 год.

За време на редовниот тренинг Реален Аикидо, во петокот на 04.09.2015 година во 20:00 часот во салата на ОУ „Никола Карев“ – Кочани, лицето задолжено за хигиена во салата од страна на училиштето ми даде писмо – бел коверт кој бил адресиран до мене.

Писмото беше Известување од страна на Владо Андонов, Директор на ОУ „Никола Карев“ Кочани со кое известува за завршување на соработката со нашето здружение (клуб). Причината која е наведена е неможноста потпишување договор за користење на термини на нашето здружение (клуб) бидејќи местото на живеење не ми е во Кочани, а термините за користење на спортската сала ќе бидат дадени да ги користат само жителите, клубовите и здруженијата на граѓани од Општина Кочани.

Би сакале да Ве потсетиме дека две сезони по ред (2014 и 2014/2015) имавме склучено договор за издавање под закуп на училишен простор – сала потпишан и заверен од Ваша и од наша страна како потпишан и од Советникот за Образование – Голубинка Георгиева.

Во договорот според Член 6, по истекот на рокот за кој е склучен договорот, при повторно издавање под закуп на училишниот простор – спортска сала, закупопримачот ќе има предност.

Според Член 7 од договорот, за се што не е предвидено со овој договор, важат одредбите од Законот за облигациони односи.

Оттука, според Член 8 договорените страни се согласи споровите кои би настанале по одредбите на овој Договор да ги решаваат спогодбено, во спротивно стварно и месно ќе биде належен Основниот суд Кочани.

Исто така би сакале да Ве изветиме дека Претседателот на здружението на млади и спорт НИКО – м-р Николчо Гоцев дги, сеуште е жител на Општина Кочани со целото негово семејство, со постојано место на живеење на ул.„Никола Вапцаров“ бр. 6 во Кочани со важечка лична карта со бр.: А0508323 издадена од МВР-Кочани на 18.02.2010 година, а неговата работна позиција моментално се наоѓа во Скопје и во Кочани. Исто така, Претседателот на здружението на млади и спорт НИКО – м-р Николчо Гоцев дги е лиценциран судски Вештак заведен во списокот на постојани вештаци за Основен Суд Кочани.

Со сето горе наведено очекуваме дека нема да има никаков спор за потпишување договор за издавање под закуп на училишен простор – сала  за користење на термини на нашиот клуб со што би продолжила задничката соработка.

Со почит.

Претседател: м-р Николчо Гоцев дги

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари