Се реконструираше најфрекфентната улица во село Јакимово во должина од 850 метри.

Во овој опфат прво беше заменета старата азбеста водоводна мрежа со нова полиетиленска на дел од оваа улица.

Асфалтирањето започна од влезот на селото па се до излезот кај крстосницата која води кон селата Истибања и Црн Камен.

Ова е продолжение на претходно асфалтираниот патен правец од Виница до влезот на селото, со што се комлетира целата траса од Виница до излезот на село Јакимово.

Вкупната инвестиција на овие два зафати е во вредност од 2,5 милиони денари.

119888336_10160052396051729_324262225595051910_n119863740_10160052395466729_2032159201818796830_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари