Во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 47,  Куманово 18, Штип 3, Прилеп 7, Тетово 15, Струга 3, Велес 3, Битола 3, Охрид 1, Кавадарци 2,  Гостивар 3, Гевгелија 4, Струмица 4, Крива Паланка 2, Радовиш 4, Крушево 1, Кочани 5, Пробиштип 2, Македонски Брод 1, Берово 3, Делчево 2, Свети Николе 3, Кичево 2, Ресен 2.

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје 25, Куманово 9, Штип 3, Прилеп 2, Струга 3, Охрид 2, Кавадарци 2, Крива Паланка 1, Кочани 6, Пехчево 3, Берово 1, Делчево 1, Кичево 2.

Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16557, бројката на оздравени пациенти е 13792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари