FACEBOOK АКЦИЈА НА ПЕКАБЕСКО: СЕКОЈ ТВОЈ ЛАЈК ПОМАГА!

Од компанијата ги повикуваат Facebook корисниците да ја поддржат страницата на Пекабеско и со секој нов лајк да донираат по 3 денари наменети за пакети на храна за социјално загрозени семејства

Денеска Пекабеско започна со нова Facebook акција насловена „Секој твој лајк помага“. За секој нов лајк на страната на Пекабеско

(https://www.facebook.com/Pekabesko)  на оваа социјална мрежа, компанијата ќе одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозени семејства. Во моментов, оваа страна брои 41 илјада лајкови, а акцијата ќе се спроведува се до постигнувањето на 100 илјади лајкови на страната на Пекабеско.

Стратегијата на компанијата на социјалните мрежи е водење на уникатен пристап кој се базира на оригинални фото и видео содржини,  како и рецепти преку кои се промовираат производите на Пекабеско. Целта на компанијата е постојано да биде отворена и достапна за мислењата на потрошувачите, користејќи ја предноста на социјалните медиуми во делот на интерактивноста и двонасочната комуникација.

Како што информираат од компанијата, набргу во оваа акција ќе бидат вклучени и Twitter (https://twitter.com/PekabeskoAD)  и Instagram (https://instagram.com/pekabesko) заедницата, каде Пекабеско има активни профили и страни

Да помогнеме заедно со лајк на оваа страна: https://www.facebook.com/Pekabesko

unnamed (1)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари