Со влегувањето на механизацијата на фудбалскиот терен во Штип повеќе од јасно е дека натпреварот од 5-тото коло во Првата Македонска Фудбалска Лига „Брегалница“ – „Вардар“ ќе се игра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани. Она што го забележа како недостаток Комесарот за натпревари Васко Дојчиновски при неговата посета на стадионот во Кочани е отстрането. Сега теренот и комплетната инфраструктура на стадионот се подготвени за натпревари од највисок ранг. Според најавите и веќе потпишаниот договор штипскиот прволигаш сите свои натпревари во есенскиот дел од првенството ќе ги игра во Кочани, а ако и за пролетниот старт не бидат теренот и трибините во Штип завршени, лесно може да се случи „Брегалница“ целата оваа сезона да ја одигра во Кочани. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари