Во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 10, Куманово 4, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 5, Гостивар 4, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Кочани 9, Пробиштип 1, Берово 5, Делчево 1, Кичево 2.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од: Скопје 24, Куманово 8, Дебар 4, Штип 1, Прилеп 6, Тетово 2, Струга 1, Битола 1,Кавадарци 3, Гостивар 7, Гевгелија 5, Крива Паланка 7, Радовиш 2, Кочани 2, Пробиштип 1, Пехчево 7, Виница 4, Свети Николе 1.

Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари