На денешната седница што ја одржа Општинскиот кризен штаб, беа упатени повици до граѓаните на Кочани за најстрого почитување на мерките за заштита и спречување на ширење на коронавирусот.

„Бројот на заразени од коронавирусот во Кочанско деновиве е во постојан пораст. Во моментот има 102 активни случаја, од кои 91 случај е на домашно лекување, а 11 на болничко. Од почетокот на пандемијата досега се оздравени 145 пациенти, а петмина се починати“ соопшти Гоце Серафимов, директор на Центарот за јавно здравје – Кочани.

Александар Максимов, началник на Одделението за внатрешни работи – Кочани, истакна дека од безбедносен аспект состојбата е стабилна и под контрола.

„За шест месеци се евидентирани 117 кривични дела, се поднесени 67 кривични пријави за непостапување според здравствените прописи и се издадени 711 прекршочни платни налози на лица кои не ги почитувале уредбите за носење заштитна опрема. Постојано правиме контроли со Државната пазарна инспекција со цел да ги

предупредиме субјектите или да изречеме глоби и казни, а во наредниот период уште повеќе ќе ги засилиме мерките“ рече Максимов.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, како командант на Општинскиот кризен штаб повика на максимално пиочитување на мерките за заштита.

„Носење заштитна маска, одржување растојание и хигиена е единствениот начин за борба против коронавирусот“ соопшти Илијев.

Поради актуелната состојба Општинскиот кризен штаб донесе заклучок годинава традиционалниот Кочански панаѓур да не се организира.

Матичните лекари ја истакнаа потребата пациентите да не ги кријат симптомите и контактите, за да може состојбата да се држи под контрола. Мобилниот сервис за домашна посета и тимови од волонтери на Црвениот крст доставуваат храна, облека, лекови, инсулинска и онколошка терапија на лицата што се во самоизолација.

PIC_9194

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари