Утре (Среда) се играат натпреварите од 1/16 финалето од Фудбалскиот Куп на Македонија. Жрепката сакаше новајлијата во Втората Лига – Исток „Слога 1934“ за противник да го добие „Шкупи“ еден од кандидатите за освојување на Шампионската титула. Формата на домаќините и составот на гостите гарантираат добар и интересен натпревар на кој за жал нема да има присуство на гледачите.

Двојки од 1/16 финалето на Фудбалскиот Куп на Македонија:

„Слога 1934“ – „Шкупи“

„Каменица Саса“ – „Борец“

„Кит Го“ – „Скопје“

„Охрид Лихнидос“ – „Ренова“

„Силекс“ – „Лабуништа“

„Македонија ГП“ – Победа“

„Пелистер“ – „Љуботен“

„Гостивар“ – „Тиквеш“

„Влазерими“ – „Работнички“

„Велешта“ – „Кожуф“

„Росоман“ – „Беласица“

„Вардар Форуно“ – „Вардар“

Поради пандемијата со Ковид – 19 до финалето ќе се игра по еден натпревар а при нерешен резултат веднаш ќе се изведуваат пенали.

Минатогодишните полу-финалисти „Академија Пандев“, „Шкендија“, „Брегалница“ и „Струга Трим Љум“ кои не го доиграа натпреварувањето директно обезбедија учество во 1/8 финалето од годинешниот Куп.

Натпреварите започнуваат во 15:30 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари