Со концертот на КУД „Мирче Ацев“ од Скопје кој 18. Септември ќе се одржи на „Летната сцена“ при НУЦК „Бели Мугри„“ во Кочани ќе започне годинешната 24-та културна манифестација „Денови на Кочанскиот ориз – 2015“.

Годинава за време на манифестацијата која ќе трае 17 дена ќе бидат застапени неколку ликовни изложби, концерти, поезија, промоција на  „Монографија за кочанскиот ориз“, како и традиционалниот „Избор на жетварска убавица“, „Оризова бела вечер“, а манифестацијата ќе заврѓи на 04.Октомври со традиционалното зажнејување на оризот и вршидбата на гумно.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари