Во последните 24 часа се направени 1769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 51, Куманово 7, Дебар 4, Штип 1, Прилеп 15, Тетово 13, Струга 4, Велес 3, Битола 6, Охрид 5, Кавадарци 5, Гостивар 9, Гевгелија 3, Струмица 7, Крива Паланка 4, Радовиш 3, Кочани 20, Пробиштип 2, Македонски Брод 1, Берово 3, Валандово 3, Виница 4, Делчево 5, Свети Николе 3, Ресен 2.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51г), од Дебар (68г), од Крива Паланка (58г), Радовиш (71г) и пациент од Кочани (66г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од: Скопје 38, Куманово 12, Штип 5, Прилеп 8, Тетово 3, Струга 4, Битола 12, Кавадарци 3, Гостивар 2, Крива Паланка 2, Кочани 4, Пробиштип 3, Пехчево 1, Берово 2, Делчево 1, Кичево 2.

Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари