Неколку наши читатели како под некој договор ни доставија слични содржини а се поради искуството кои го доживеале денес на пазарот во Кочани

Како што наведуваат нив отворено ги краделе продавачите на црвен пипер со неисправните или воопшто небаждирани ваги.

Како што наведуваат во пораките речиси на сличен начин им е намалена количината на црвената пиперка, па така им било премерено и наплатено за 50 килограми а додека дома констатирале дека вкупната тежина варира од 8 до 10 килограми.

Ние и претходните години укажувавме на ваква и слични појави но надлежните инспекциски служби или ангажираните во „Заштита на потрошувачите“ по се изгледа ниту тогаш а ниту сега немаат излезено на терен и да ги проверуваат вагите.

С. Ивановски

P1800025P2100081

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари