Во последните 24 часа се направени 1504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 43, Куманово 16, Штип 4, Прилеп 9, Тетово 6, Струга 2, Велес 3, Охрид 2, Кавадарци 3, Гостивар 6, Гевгелија 4, Струмица 11, Радовиш 1, Кочани 15, Пробиштип 1, Пехчево 1, Валандово 3, Виница 2, Делчево 3, Свети Николе 5, Кичево 2, Неготино 1.

Починати се 9 лица, пациент од Виница (70г), двајца пациенти од Струмица (по 67г), еден пациент од Охрид (48г), од Гостивар (64г), двајца пациенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти од: Скопје 42, Куманово 14, Прилеп 11, Тетово 8, Струга 5, Велес 1, Битола 3, Охрид 6, Кавадарци 1, Гостивар 2, Гевгелија 1, Струмица 3, Радовиш 1, Кочани 3, Пробиштип 1, Пехчево 1, Берово 1, Делчево 2, Кратово 1, Свети Николе 3.

Досега во земјата се направени вкупно 182.538 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17343, бројката на оздравени пациенти е 14422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2200.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари