Синоќа (Четврток) некаде околу 18:30 часот на улицата „Македонска“ во непосредна близина на бараката на некогашната Скопска пивара се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа ПМВ и две деца на возраст од 10 години.

Во ПС Кочани дојавата е стигната во 18:50 часот. До несреќата дошло кога ПМВ „Тико“ со Кочански регистарски таблички, управувано од лицето К.А. (59) од Кочани дошло во контакт со две деца родени 2005 година.

Децата кои се здобиле со повреди на нозете и рацете веднаш се префрлени во Општа Болница во Кочани, од каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

На местото на настанот веднаш се излезени екипи на ПС Кочани со овластување на Јавен обвинител. Извршен е увид на местото на несреќата а кај возачот е утврдено дека нема траги на алкохол во крвта.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари