Во последните 24 часа се направени 1559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 51, Куманово 12, Штип 6, Прилеп 6, Тетово 2, Струга 2, Велес 2, Битола 5, Охрид 3, Кавадарци 5, Гостивар 2, Гевгелија 5, Струмица 10, Крива Паланка 2, Кочани 5, Пробиштип 1, Валандово 3, Виница 3, Делчево 2, Свети Николе 8, Кичево 2, Ресен 2, Неготино 2.

Починат е пациент од Скопје на 79 годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти од: Скопје 25, Куманово 5, Дебар 1, Штип 6, Прилеп 5, Тетово 8, Струга 3, Велес 5, Битола 7, Гостивар 4, Гевгелија 5,  Крива Паланка 1, Радовиш 3, Кочани 5, Берово 1, Виница 1, Делчево 1, Кратово 1, Свети Николе 1, Кичево 6.

Досега во земјата се направени вкупно 184.097 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17483, бројката на оздравени пациенти е 14516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2245.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари