Се одиграа натпреварите од 7-мото коло во Прва Фудбалска Лига за жени. По денешните резултати единствено непоразена екипа остана „Тиверија“ од Струмица по што во борба за првото место сега конкурираат 4-5 екипи.

Екипата на „Кочани“ некогашниот Шампион и двократен освојувач на Купот на Македонија со денешниот пораз и со катастрофална гол-разлика уште повеќе се закова за последното место на табелата и речиси е сигурен патник во новоформираната Втора лига која ќе започне од следното првенство а во која ќе бидат вклучени екипите пласирани од под осмото место.

Дерби на колото се одигра во Македонска Каменица каде минатогодишниот шампион „Каменица Саса“ со удар од белата точка дојде до посакуваните три бода против до денес непоразената екипа на „Деспина“ од Прилеп, па така по победата на „Скопје“ во Стар Дојран сега три екипи со ист број набодови се на челната позиција.

Десеткуваната „Тиверија“ која имаше 8 позитивни  играчи а поради фактот што ФФМ немаше ниту слух, ниту сенс да ја одложи средбата мораше во Речица да одигра со кадетско-младинската екипа со само две полнолетни девојчиња и да стигне до еден бод со што се најде на четвртата позиција.

Комплетни резултати од 7-мото коло:

„Кочани“ – „Топ Гол“  1:10

„Речица“ – „Тиверија“  2:2

„Каменица Саса“ – „Деспина“  1:0

„Плачковица“ – „Ас Јунајтед“  0:4

„СЦ истатов“ – „Скопје“  0:2

„Шкупи“ – „Љуботен“  2:3

„Борец“ – „Шкендија“  3:2

На табелата со по 18 бодови водат „Деспина“, „Каменица Саса“ и „Скопје“ а понатака следуваат „Тиверија“ со 17, „Ас Јунајтед“ 16, „Шкендија“ 12, „Топ Гол“ 10, „Љуботен“ 9, „Речица“ 8, „Борец“ 7, „СЦ Истатов“ 6, „Шкупи“ 2, „Атлетико“ 1, „Плачковица“ и „Кочани“ без бодови.

Во следното 8-мо коло „Кочани“ патува во Струга на натпревар со „Ас Јунајтед“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари