Иако никој со сигурност не го соопштува датумот за почеток на годинашното првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток, екипите кои го пријавија своето учество продолжуваат со одигрување на контролни натпревари се со цел што поспремни да го дочекаат неговиот старт доколку дојде до него.

Влера во карбинци истоимениот третолигаш загуби од „Чешиново 2015“ со 0:3.

Стрелец на еден погодок беше тренерот-играч Мирче Натков а на останатите два Мики Јакимов.

Екипите го чекаат стартот на оние кои ја водат лигата со разноразни соопштенија ниту кажуваат дали истата ќе почне, ниту доколку започне кога ќе биде тоа.

Ако се продолжи со ваквата незаинтересираност првенството ќе треба да се игра и за Нова година.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари