Во Недела со почеток во 16:00 часот на програмата се натпреварите од 3-тото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток, во кое се играат три дерби натпревари.

Во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ се игра локалното дерби „Осогово“ – „Брегалница Голак“, во Струмица на програмата е градското дерби, а во Радовиш се игра натпреварот на екипите кои во првите две кола остварија две победи.

Двојки од 3-тото коло:

„Осогово“ – „Брегалница Голак“

„Слога 1934“ – „Карбинци“

„Каменица Саса“ – „Напредок Здравје“

„Беласица“ – „Академија Пандев“

„Плачковица“ – „Овче Поле“

„Баби“ – „Работник“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари