По пауза од 13 години на тениските терени во комплексот „Аква“ во Кочани на 10 и 11 Октомври ќе се одржи тениски турнир за сениори „Кочани Опен“. Пријавувањето на учесниците ќе трае до 8 Октомври а досега се имаат пријавено триесетина тенисери што навестува голем и интересен тениски турнир.

Организаторите за првопласираните тројца тенисери имаат обезбедено парични награди.

Секој учесник на турнирот од организаторите ќе добие ваучер со 10% попуст за ручек во ресторан „Аква“, односно ваучер со 20% попуст за ноќевање во Еуро Хотел „Гратче“.

Тенисерите што ќе се пласираат на 4-то, 5-то и 6-то место ќе добијат ваучери со вредност од по 1.000,00 денари кои ќе можат да ги искористат во Спортска меана Скопје.

Сите учесници од организаторите ќе добијат пригодни подароци во знак на сеќавање на нивното учество на овој турнир.

„Ја користиме можноста јавно да им се заблагодариме на спонзорите на турнирот, а воедно да ги повикуваме сите останати компании кои се заинтересирани да бидат дел од турнирот и да имаат истакнато своја реклама за време на одржување на истиот, да се јават кај организаторите. Собраните средства ќе бидат уплатени во посебен фонд кој ќе биде наменет за развојот на спортот, односно тенисот во Кочани како и за репарација на тениските терени и вложување во Академијата за млади тенисери“ соопштија организаторите.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари