Во последните 24 часа се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 75, Куманово 14, Дебар 1, Штип 5, Прилеп 5, Тетово 13, Струга 1, Велес 2, Битола 5, Охрид 2, Кавадарци 2, Гевгелија 3, Струмица 10, Крива Паланка 3, Радовиш 4, Кочани 12, Пробиштип 1, Валандово 1, Виница 2, Свети Николе 1.

Починати се 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81г) и еден од Штип (81г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти од: Скопје 24, Куманово 10, Штип 4, Прилеп 11, Тетово 10, Струга 9, Велес 1, Битола 1, Охрид 9, Кавадарци 2, Гостивар 3, Гевгелија 2, Струмица 3, Крива Паланка 1, Кочани 13, Берово 2, Валандово 2, Свети Николе 2.

Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18138, бројката на оздравени пациенти е 15068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2327.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари