Ако не знаете, на приложените фотографии е ОУ „Раде Кратовче“ од Кочани, првото основно училиште или попознато како училиште на описменувањето во „градот на оризот“.

Можеби во локалната самоуправа не знаeле или не сакале да знaат, но денес кога започна учебната година и во ова училиште имаше првачиња и тоа 56 на број.

И овие дечиња како и останатите првачиња во општината заслужија да бидат посетени од градоначалникот и неговата свита, за жал таквото задоволство не им беше овозможено.

Вистина е дека во ова училиште нема многу ученици чии родители се лекари, професори, политичари, и други на некоја висока функција, но факт е дека и тие се нечии дечиња, дечиња на чесни и скромни родители, дечиња кои денес зачекорија во нов живот, со нови обврски и нови надежи.

unnamed-(2)

Денес тие првачиња за жал ја немаа таа привилегија како првачињата од другите училишта да се најдат за спомен на фотографиите на Општина Кочани, но сепак, иако запоставени, тие денес цврсто зачекорија напред, во новиот предизвик и со верба во себе дека ќе успеат во животот.

Уште еден не фер потег на локалната администрација. Не се важни имињата кој и дали намерно или ненамерно денес погреши, но вистината е една и единствена, му се допаѓало некому или не, првачињата од ОУ „Раде Кратовче“ денес беа запоставени од оние, кои токму поради нив и другите ученици добиваат вработувања.

С. Ивановски

P2480693

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари