Во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 96, Куманово 8, Штип 7, Прилеп 8, Тетово 15, Струга 3, Велес 5, Битола 8, Охрид 2, Кавадарци 6, Гостивар 2, Гевгелија 1, Струмица 11, Крива Паланка 7, Радовиш 1, Кочани 17, Пехчево 1, Берово 10, Валандово 3,Виница 1, Делчево 2, Кратово 1, Свети Николе 6, Кичево 4.

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти од: Скопје 33, Куманово 10, Штип 2, Прилеп 5, Тетово 13, Велес 2, Битола 3, Кавадарци 1, Гостивар 5, Крива Паланка 1,Кочани 6, Пробиштип 3, Македонски Брод 1, Берово 1,Виница 1, Свети Николе 3, Кичево 2, Ресен 4.

Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари