За време на викендот се одиграа натпреварите од 8-то коло во Прва Фудбалска Лига за жени.

Екипата на „Кочани“ која ги доживува најтешките моменти од своето формирање беше прелесен залак за „Ас Јунајтед“ па домаќините со двоцифрен резултат ги испратија „жетварките“ за Кочани.

Натпреварот кој требаше да биде дерби на колото се играше во Струмица, но поради неколку позитивни играчи на домаќините тие настапија со подмладен состав. И со таков состав успеаја да му се спротивстават на еден од аспирантите за највисок пласман „Деспина“, но во финишот неискуството си го стори своето па прилепчанки стигнаа до три бода.

Резултати од 8-то коло:

„Ас Јунајтед“ – „Кочани“  11:0

„Тиверија“ – „Деспина“  1:2

„Шкендија“ – „Атлетико“  5:1

„Љуботен“ – „Борец“  3:1

„Скопје“ – „Шкупи“  8:0

„Топ Гол“ – „СЦ Истатов“  2:5

„Речица“ – „Плачковица“  4:0

Во водство се „Деспина“ и „Скопје“ со по 21 бод, понатака следуваат „Ас Јунајтед“ 19, „Каменица Саса“ со 18,  „Тиверија“ 17, „Шкендија“ и „Љуботен“ 12, „Речица“ 11, „Топ Гол“ 10, „СЦ Истатов“ 9, „Борец“ 7, „Шкупи“ 2, „Атлетико“ 1 и „Кочани“ 0 бодови.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари