Се одигра комплетното 6-то коло во Втора Фудбалска Лига – Исток.

„Осогово“ и гостуваше на „Победа“ и успеа непоразено со еден бод да се врати во Кочани, но според известувањата од тој натпревар „жетварите“ се тие кои ќе треба да жалат за изгубените уште два бода.

Во Виница „Слога 1934“ иако поведе против еден од кандидатите за првото место „Тиквеш“ сепак остана со празни раце. Кавадрчани се покажаа како подобар противник со неколку извонредни поединци и заслужено ги носат трите бода во „градот на грозјето“.

Во натпреварот во Пехчево „Брегалница“ не ја повтори грешката од мината година и со еден гол во мрежата на домаќините стигна до три големи бода.

„Росоман“ загуби на домашен терен од „Кожуф“ а екипата на „Каменица Саса“ дојде до значајна победа над „Плачковица“.

Резултати од 6-тото коло:

„Победа“ – „Осогово“  1:1

„Слога 1934“ – „Тиквеш“  1:3

„Каменица Саса“ – „Плачковица“  1:0

„Кит Го“ – „Брегалница“  0:1

„Росоман“ – „Кожуф“  1:2

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари