ТРЕТА  ФУДБАЛСКА  ЛИГА  –  ИСТОК

„ОСОГОВО“ – „БРЕГАЛНИЦА  ГОЛАК“  0:1 (0:0)

Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи – 500. Главен судија – Крумислав Ѓоргиев. Помошници: Димитар Пилешков и Александар Гигов (сите од Штип). Делегат: Винко Смокварски (Берово). Стрелци: Пешовски 90’+1 (Брегалница Голак). Жолти картони: Аксентиев, Цветанов, Натков, Стојков, Здравков (Осогово), Мановски, Матиќ, Гоцевски, Јовановски, Филиповски, Пешовски (Брегалница Голак).

„ОСОГОВО“ – Лазаров, Паунов (Анастасовски Дарко 74’), Цветанов, Арсов, Јаневски, Аксентиев, Данилов (Здравков 85’), Максимов, Ѓеоргиев (Стојков 56’), Јорданов, Натков.

„БРЕГАЛНИЦА  ГОЛАК“ – Димовски, Анастасовски, Јовановски (Ви.Марковски 90’), Мановски, Борковиќ, Матиќ, Пешовски, Ѓеоргиевски (Филиповски 82’), Вл.Марковски, Димитровски (Илиевски 46’), Гоцевски.

ГИ  СТИГНА  КАЗНАТА  ВО  91-ТА  МИНУТА

И во вториот натпревар пред своите гледачи „Осогово“ не само што загуби три бода, туку неговите играчи повторно не успеаја да ја затресат противничката мрежа. Делчевачани со затворена игра го започнаа натпреварот, го чуваа својот гол а само од време, на време ќе се подотвореа што беше сигнал домаќините да направат некоја посериозна шанса за гол. Паунов и на двапати Натков во првиот дел не успеаја да ги реализираат т.н. зицери по што без голови се замина на одмор.

Во второто полувреме „жетварите“ ја имаа иницијативата, но и гостите малку се подотворија и од брзите контра напади ја бараа својата шанса. Откако Паунов и Здравков не ги реализираа своите шанси казната стигна во првата минута од судиското продолжение. Во домашниот казнет простор убаво во празно беше проигран Пешовски кој со одмерен удар ниско по земја ја затресе мрежата на немоќниот Лазаров. И само што домаќините тргнаа од центарот мошне добриот судија Крумислав Ѓоргиев отсвири крај на натпреварот.

Кога се ќе се собере можеби поделбата на бодовите беше најреален епилог на овој натпревар, но победата на гостите е чиста како солза.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари