На 9 октомври 2020 г., со почеток во 18 ч., во салата на Спомен-домот „АСНОМ“ ќе се одржи јавна трибина за утврдување на приоритетите во општинските развојни програми.

Општина Кочани ги повикува сите граѓани, претставници на месни и урбани заедници, граѓански организации, бизнис-секторот, академската заедница, младите, да земат активно учество во креирањето на развојните програми и определувањето на приоритетните проекти за Кочани.

На трибината ќе биде презентиран концептот на развојните програми, кој службите ќе можат да го дообликуваат во претстојниот период согласно потребите и предлозите што ќе ги достават или искажат граѓаните.

За асфалтирање досега се земани предвид десетина улици во градот и населените места, дваесет за реконструкција и десет улични краци се планирани да се бетонираат.

Со средства од Буџетот на Општина Кочани, во 2021 година се планира реконструкција на паркот во централно градско подрачје со фонтана, изградба на пешачки мост помеѓу паркот и Трговскиот центар, завршување на експропијација на објектите на улицата „Стево Тедосиевски“ со булеварско решение.

На јавната трибина граѓаните ќе можат да се запознаат поконретно со планираните проекти и со очекуваната динамика за нивна реализација.

О.К.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари