Екипи од КЈП „Водовод“ започнаа со подготовките на теренот за реализација на проектот „Регулација на коритото на Кочанска Река“.  Се сечат исушените дрвја, се отстрануваат големите грмушки, се со цел навреме да се стигне и да се реализира овој најавен проект.

Потегот на кој се работи е од куќниот број 121 на улицата „Гоце Делчев“ до мостот ка СРЦ „Бавчалук“.

На овој потег, во должина од 450 метри се предвидува регулирање на коритото на „Кочанска Река“, односно да се изработи поголемо корито, а во него помало, коешто ќе ја прифаќа водата.

Со реализација на овој проект просторот кој се повеќе го користат жителите на Кочани за прошетки ќе добие една посебна убава димензија.

С. Ивановски

84

85

81

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари