Во текот на продолжениот викенд Ансамблот за традиционална музика и игра „Митко Алексов“ од Кочани имаше повеќе активности и  настапи со оркестарот меѓу кои позабележителен  е целовечерниот  концерт во Домот на културата „Крсте Мисирков“ во Свети Николе на кој  ансамблот ја претстави чалгиската и традиционална музика.

За време на викендот оркестарот зеде учество и на  фестивалот „Инструментите на нашите претци“  во организација на Детскиот културен центар  Карпош Скопје и на фестивалот „Оро весело“ во Општина Радовиш.

8284

„Концертот во Свети  Николе помина одлично, имавме прекрасна публика, а бевме дел и од фестивалот во Скопје во организација на Детскиот културен центар Карпош Скопје, а настапивме и во Радовиш. На концертот во Свети Николе настапивме заедно со вокалот Тијана Јаневска и се претставивме со повеќе чалгиски песни меѓу кои „Со маки сум се родила“ , Ај Ѓорушице“ , од ората издвојувам „Невестинско венчално“ , „Рамно Велешко“   и со традиционалниот репертоар на нашиот ансамбл“, рече  Ристе Ѓорѓијев, уметнички директор на АТМИ „Митко Алексов“.

8788

Следна активност на ансамблот е настапот во  Кавадарци на 14 октомври со чалгискиот и традиционалниот оркестар.

„Ансамблот „Митко Алексов“ со чалгискиот и традиционалниот оркестар  во соработка со Ангела Богдановска и Матеј Тушевски,  ќе одржи концерт во Кавадарци по покана на ДК „Иван Мазов Климе“ и општина Кавадарци. Концертот ќе се одржи на 14 октомври со почеток мво 19 часот и ѓи поканувам сите заинтересирани да присуствуваат и да уживаат“, рече Ристе Ѓорѓијев.

Ансамблот „Митко Алексов“ иако е релативно млад ансамбл  формиран на почетокот на 2020 година сепак членовите кои се 180 на број  имаат учествувано на многу фестивали и манифестации во републикава. Ансамблот „Митко Алексов“ од Кочани се залага за едукација и зачувување на традиционалната игра и музика. Плановите за иднина се настапи и во странство зависно од состојбата со КОВИД 19.

8983

8586

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари