Изминатите три дена Кочани беше центарот на тенисот во Македонија. По повеќе од една деценија на тениските терени во „ЗОРИК“ се одржа тенискиот турнир „Кочани Опен – Отворено првенство на Македонија во тенис за сениори“.

Вкупно 55 тенисери го пријавија своето учество на турнирот за да по доста интересни и возбудливи мечеви на крајот победничкиот пехар сосема заслужено се најде во рацете на Ѓорѓи Јанкуловски.

Јанкуловски во финалето го совлада Вучидолов со 2:0 во сетови а додека во малото финале, во борбата за третото место Колевски беше поуспешен од Стефановски победувајќи го со 2:1 во сетови.

Организацијата на самиот турнир беше повеќе од одлична за што главни „виновници“ се членовите на организациониот одбор: Бојана Ристова, Мишел Горгиев, Коста Иванов, Мартин Стојмировски и Александар Вржалски.

Организаторите направија се во овие услови учесниците одлично да се чувствуваат со што го положија испитот и рекоа едно големо довидување до следната година, до новиот турнир, кој се надеваме ќе се одржи во многу подобри услови отколку годинешните кои беа наметнати од Ковид – 19.

С. Ивановски

DSC_3323

DSC_3443

DSC_3479

DSC_3493

DSC_3461

DJI_0225

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари