Во последните 24 часа се направени 2441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 249, Куманово 12, Штип 13, Прилеп 25, Тетово 16, Струга 7, Велес 7, Битола 14, Охрид 12, Кавадарци 3, Гостивар 12, Гевгелија 2, Струмица 36, Крива Паланка 5, Радовиш 7, Кочани 6, Пробиштип 1, Берово 2, Виница 3, Делчево 2, Свети Николе 4, Кичево 6, Ресен 1.

Починати се 9 лица, двајца пациенти од Скопје (72 и 62г), еден од Куманово (66г), двајца од Струга (58 и 65г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (83г), од Пробиштип (60г) и пациент од Свети Николе (65г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти од: Скопје 77, Куманово 15, Штип 11, Прилеп 7, Тетово 11, Струга 1, Велес 1, Битола 5, Гостивар 12, Гевгелија 2, Струмица 14, Радовиш 3, Кочани 18, Пробиштип 2, Пехчево 1, Берово 5, Валандово 4, Виница 2, Свети Николе 2, Кичево 1.

Досега во земјата се направени вкупно 211.790 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21636, бројката на оздравени пациенти е 16591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4236.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари