Јавното претпријатие за државни патишта упати јавен повик за јавна расправа за реализација на проектот за изградба на експресен пат на делницата Штип-Кочани кој ви го пренесуваме во целост.

Јавното претпријатие за државни патишта планира да реализира проект за Изградба на експресен пат, делница Штип (Три Чешми)-Кочани.

Согласно договореното со општина Чешиново-Облешево, јавната расправа по Нацрт Извештајот за Стартегиска оцена врз животна средина за горенаведениот проект е закажана да се одржи на ден 23.09.2015 година (среда) во општина Чешиново-Облешево во 12 часот.

Во утрешните броеви на Утрински и Коха ќе биде објавен Јавен повик за настанот. Исто така на официјалната веб страница на ЈПДП ќе бидат објавени документите.

Засеганатите општини Штип, Карбинци, Чешиново-Облешево и Кочани се должни дадениот документ за Нацрт Извештајот за СОЖС за проект за изградба на експресен пат Штип-Кочани и Јавниот повик да го објават на своите веб страници (огласни табли, локлани весници, медиуми и сл.) и да го информираат локалното население за настанот, местото и времето на одржување на истиот како би можеле заинтересираните да земат свое активно учество.

Ве молиме на закажаниот термин за одржување на јавната консултација да обезбедите просторија со лап топ и проектор.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари