Во Сабота се закажани натпреварите од 8-то коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. Сите пет натпревари се интересни на свој начин освен натпреварот во Росоман каде изразит фаворит е екипата на „Тиквеш“, додека на сите останати резултатот е неизвесен.

Во Македонска Каменица се игра локалното дерби во кое домаќинот „Каменица Саса“ ја пречекува екипата на „Осогово“. Кочанчани по победната над „Росоман“ осоколени патуваат во рударското гратче со надеж дека непоразени ќе се вратат дома. Посебно вниманието на овој натпревар го привлекуваат браќата Иванови, Благојче го брани голот на „Каменица Саса“, а Димитар е задолжен за тресење на противничките мрежи во екипата на „жетварите“.

„Слога 1934“ по катастрофалниот пораз во Штип десеткувана патува во Пехчево, но  играчите се цврсто решени „скапо да ја продадат кожата“.

Аспирантот за највисок пласман „Брегалница“ гостува во градот „Под Марксовите кули“. Домаќините по добриот старт нанижаа неколку слаби резултати, па доколку сакаат и следната година да се најдат во истото друштво ќе мора да се освојуваат бодови на домашен терен, а теренот во „Могила“ им ја нуди таа шанса.

Во Радовиш гостува екипата на „Кожуф“ која по минатонеделниот кикс на домашен терен кога ремизираше со „Каменица Саса“ бодовите ќе ги бара на гостинскиот терен.

Двојки од 8-то коло:

„Каменица Саса“ – „Осогово“

„Кит Го“ – „Слога 1934“

„Победа“ – „Брегалница“

„Росоман“ – „Тиквеш“

„Плачковица“ – „Кожуф“

Натпреварите започнуваат во 14:30 часот.

С. Ивановски

DSCN9908DSCN9580

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари