Се одиграа натпреварите од 8-то коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. На петте натпревари две победи за гостинските екипи додека на останатите три немаше победник.

Во македонска Каменица едно од локалните дерби натпревари заврши без победник „Каменица Саса“ и „Осогово“ не постигнаа ниту еден погодок па со освоениот бод разликата на табелата меѓу двете екипи остана непроменета.

И натпреварот во Пехчево не даде победник. Во првото полувреме немаше погодоци, а во вториот дел први се радуваа домаќините а стрелец на погодокот беше Христов. Виничани израмнија преку Бујчевски во 76’.

Во Радовиш немаше победник, додека во Росоман и Прилеп триумфираа гостинските екипи, со што продолжи мртвата трка за врвот на табелата.

Резултати од 8-то коло:

„Каменица Саса“ – „Осогово“  0:0

„Кит Го“ – „Слога 1934“  1:0

„Победа“ – „Брегалница“  1:1

„Росоман“ – „Тиквеш“  0:4

„Плачковица“ – „Кожуф“  1:1

Во следното коло со кое воедно завршува првиот круг, „Осогово“ ја пречекува екипата на „Плачковица“.

На табелата водат екипите на „Тиквеш“ и „Брегалница“ со по 20 бодови, пред „Кожуф“ 13, „Кит Го“ и „Слога 1934“ 9, „Победа“, „Каменица Саса“ и „Осогово“ со по 8, „Росоман“ 7 и „Плачковица“ 5 освоени бода.

С. Ивановски

84

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари