Во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 227, Куманово 12. Штип 15, Прилеп 4, Тетово 34, Струга 5, Велес 15, Битола 10, Охрид 23, Кавадарци 4, Гостивар 2, Струмица 18, Крива Паланка 6, Радовиш 7, Кочани 4,  Демир Хисар 4, Пехчево 2, Берово 2, Виница 1, Делчево 1, Свети Николе 3, Кичево 6, Ресен. 1, Неготино 2.

Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (64 и 77г), еден од Ресен (59г) и еден пациент од Битола (76г). Од нив еден пациент е починат вон болнички услови, останатите се починати во болница.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 281 оздравен пациент од: Скопје 148,Куманово 4,Штип 17, Прилеп 16, Тетово 18, Струга 4, Велес 4, Битола 8, Охрид 3, Кавадарци 8, Гостивар 3, Гевгелија 9, Струмица 12, Крива Паланка 6, Радовиш 2, Кочани 3, Пробиштип 4, Берово 1, Валандово 2, Кратово 2, Свети Николе 2, Кичево 4, Неготино 1.

Досега во земјата се направени вкупно 223.922 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17673, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5673.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари