По трите одиграни кола од новото првенство во Третата Фудбалска Лига – Исток, „Осогово“ покажа дека уште нема екипа да се носи рамноправно со квалитетните тимови во лигата. На двата натпревари како домаќини „жетварите“ претрпеа порази од „Овче Поле“ и „Брегалница Голак“, екипи кои се во горниот дел од табелата, а единствената победа ја забележаа над последно пласираното „Карбинци“. Во неделата играчите на „Осогово“ за разлика од натпреварот против „Овче Поле“ одиграа поквалитетно, создадоа и шанси за гол, но која фајда од сето тоа кога немаат гол играч кој ќе знае како се спроведува топката во противничката мрежа.

 

Инаку ова коло донесе само две победи на домаќините, една победа за гостите и три натпревари завршија нерешено. Најинтересно беше во Струмица каде се одигра градското дерби „Беласица“ – „Академија Пандев“ кое пред околу 4.000 гледачи заврши без голови. Во Радовиш домашната „Плачковица“ го преслуша „Овче Поле“ и се искачи на врвот на табелата кој го дели со „Брегалница Голак“. Виничани ја остварија првата годинешна победа и се најдоа пред „Осогово“ на табелата. Во Штип и Македонска Каменица немаше победник.

 

Резултати од 3-тото коло:

Осогово – Брегалница Голак  0:1

Слога 1934 – Карбинци  6:1

Плачковица – Овче Поле“  3:0

Баби – Работник  0:0

Каменица Саса – Напредок Здравје  1:1

Беласица – Академија Пандев  0:0

 

По трите одиграни кола на табелата водат „Плачковица“ (13:0) и „Брегалница Голак“ (6:1) со по 9 бода, пред „Академија Пандев“ (11:0) со 7, „Овче Поле“ (3:3) со 6, „Беласица“ (3:2), „Работник“ (2:3) и „Баби (2:5) со по 4, „Слога 1934“ (7:4) и „Осогово“ (5:5) со 3, „Напредок Здравје“ (2:11) и „Каменица Саса“ (1:10) со 1 и „Карбинци“ (3:14) без бодови.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари