По повод фудбалскиот натпревар од првото коло на годинешното издание „Лига на шампионите“, „Олимпиакос“ – „Баерн“ кој е на програмата во Среда во20:45 часот, фановите на „Баерн“ од Кочани упатија Повик до сите фан групи на германскиот шампион на ниво на Македонија за заедничко дружење и гледање на натпреварот.

Според Мирче Ефремов еден од организаторите на овој собир, дружењето ќе започне во периодот од 18:00 – 19:00 часот во ГТЦ од каде заеднички ќе се замине за Еурохотел „Гратче“ каде на покриената тераса преку видео бим ќе се следи натпреварот.

За навивачите на „Баерн“ по тој повод ќе се точи пиво „Златен даб“ по цена од 50,00 денари.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари