Во петокот и саботата контејнерот кај мостот во близина на „Дуди Хамун“ џамијата некој „домаќин“ добро го наполнил со бетонски парчиња ставени во вреќи.
Без да размисли дека доколку контејнерот се истури во камионот камењата можат да го оштетат механизмот и потоа кога нема да има возила да го собираат сметот ќе ги вжештиме социјалните мрежи дека некој не си ја гледа работата и не го собира сметот на време.
Казните за ваквите „домаќини“ се вистинската мерка без разлика дали ќе се охрабри некој и на социјалните мрежи повторно ќе пишува дека се е по народот, бидејќи ова е еден од примерите дека се е од народот.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.