По еден ден пауза денес продолжија натпреварите во Трета Фудбалска Лига – Исток. На програмата беше 4-тото коло по кое веќе се издвоија екипите кои ќе се борат за највисок пласман.

Во Чешиново истоимената екипа инаку лидер на табелата дури во второто полувреме ја скрши жилавата екипа на „Раклиш“. По полувреме без голови во вториот дел со головите на Натков, Бојажиев и Филип Горгиев домаќините стигнаа до четвртата последователна победа.

„Малеш“ и „Овче Поле“ беа сигурни на гостински терен исто како и екипата на „Спартмани“, додека во Турново домаќинот славеше против „Карбинци“ а дерби натпреварот од ова коло му припадна на „Детонит Јуниор“.

Резултати од 4-тото коло:

„Чешиново 2015“ – „Раклиш“  3:1

„Василево“ – „Овче Поле“  1:5

„Тиверија“ – „Малеш“  2:5

„Детонит јуниор“ – „Брегалница сениори“  2:0

„Хоризонт Турново“ – „Карбинци“  2:0

„Работник“ – „Спартмани“  0:2

На табелата води екипата на „Чешиново 2015“ со 12 бода, пред „Хоризонт Турново“, „Малеш“, „Детонит Јуниори“ и „Спартмани“ со по 9, „Брегалница сениори“ 7, „Овче Поле“ 6, „Работник“ 4, „Тиверија“ 3, „Раклиш“ и „Карбинци со по 1 и „Василево“ 0 бодови.

Следното 5-то коло се игра првиот ден од месец Ноември.

Фотографијата е позајмена од профилот на Душко Чучурски.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари