Во последните 24 часа се направени 2449 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 397, Куманово 22, Дебар 2, Штип 34, Прилеп 29, Тетово 95, Струга 7, Велес 44, Битола 31, Охрид 21, Кавадарци 26, Гостивар 30, Гевгелија 4, Струмица 37, Крива Паланка 5, Радовиш 6, Кочани 17, Пробиштип 7, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1, Берово 4, Виница 6, Делчево 6, Кратово 4, Свети Николе 4, Кичево 15, Ресен 5, Неготино 4.

Починати се 10 лица, четворица пациенти од Скопје (67, 58, 64 и 76г), двајца од Прилеп (70 и 73г), еден пациент од Битола (52г), еден од Охрид (77г), еден од Кочани (48г) и еден пациент од Пробиштип (76г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од: Скопје 125, Куманово 24, Дебар 14, Штип 12, Прилеп 9, Тетово 34, Струга 1, Велес 4, Битол 9, Кавадарци 2, Гостивар 4, Гевгелија 7, Струмица 30, Крива Паланка 2, Радовиш 4, Кочани 32, Пробиштип 1, Берово 2, Валандово 3, Виница 5, Делчево 24, Свети Николе 5, Кичево 5, Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 251.848 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32436, бројката на оздравени пациенти е 21090, на починати е 1004, а бројот на активни случаи изнесува 10342.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари