НК КР Кочани СВР Штип по преземените мерки и дејствија, до Основен јавен обвинител поднесе кривична пријава против лицето Б.М. (21) од Кочани поради постоење на основно сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“ и кривично дело „Предизвикување општа опасност“.

Имено пријавениот на 15.02.2011 година откако неовластено набавил рачна бомба „кашикара“ постар модел со запалка од рачна бомба М-75 отишол на улица „Гоце Делчев“ и во дворното место од семејната куќа на лице од Кочани позади задното лево тркало од неговото ПМВ „Мерцедес“ ја поставил бомбата и употребил непозната запалива материја при што дошло до експлозија и целосно опожарување на возилото, со што предизвикал и значителна опасност за животот на луѓето.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари