Вечерва Кочани беше во знак на црвената боја. Вечерва Кочани беше центарот на навивачите на „Баерн“ во Македонија. Од повеќе градови на државата почитувајќи го претходно  договореното вечерва дојдоа заеднички да го проследат натпреварот од првото коло на годинешната „Лига на Шампионите“, „Олимпијакос“ – „Баерн“.

Зборното место им беше ГТЦ, односно кафулето „Унипаб“ од каде на час и половина пред почетокот на натпреварот се упатија во „Еурохотел Гратче“ каде на видео бим ја следеа играта на нивните миленици.

Радоста од дружбата на околу 80-тината навивачи беше „зачинета“ со победата на нивниот миленик над Грчкиот Шампион.

Секоја чест и за организацијата и за одѕивот.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари