Со цел максимално да се искористат добрите временски услови продолжија градежните активности на локалниот пат Оризари – Добра Вода.

Механизација од градежната фирма „Бетон“ ги довршуваат подготвителните работи на втората половина од патот чија должина изнесува 2 км. а широчина 3,5 метри.

Моментно се работи на пропустите на патот, се тампонираат одделни делови од трасата и се поставува постелка на дел од трасата по што ќе следува асфалтирањето.

12

Асфалтирањето на патот што води до локалитетот „Добра Вода“ каде што е сместен манастирот „Пресвета Богородица“, е со проект на Центарот за развој на Источниот Плански Регион а финансиските средства се одобрени од Агенцијата на финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Жителите на Оризари имаат разбирање за доцнењето со градежните работи предизвикано од епидемијата со Ковид – 19, но сепак се надеваат дека во текот на оваа година асфалтот ќе биде поставен и дека тие ќе можат да го посетуваат ова излетничко место во многу подобри услови отколку во изминатите години.

С. Ивановски

11

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари