На 12.11.2020 во 15.15 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Џ.Б.(31), С.А.(31) и Р.А.(44) од Кочани, затоа што околу 11.20 часот во градскиот пазар во Кочани физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени задачи. Се работи на комплетирање на случаjот, по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.11.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Кочани, М.И.(62) од Скопје, пријавила дека на 11.11.2020 на место викано ,,Долна лака“ атар на с.Теранци настанал пожар во нива сопственост на И.М. кој се проширил и го зафатил нејзиниот овоштарник со ореви, при што биле опожарени 15 дрвца. Увид на местото извршиле увидна екипа на ОВР Кочани,, инспектори по земјоделие и пожари.

На 12.12.2020 во 13.50 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека околу 12.30 часот во кругот на рудник кај с.Пантелеј, при извршување работни задачи J.С. од Кочани се здобил со повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани и државен инспектор за труд.

ИЗВОР: Дневни билтени на СВР штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари