Високите температури и речиси никаквите врнежи на дожд сосема го испразнија вештачкото езеро „Гратче“. Според вработените во системот „Брегалница“ нивото на водата во езерото е намалена за 3.72 метри, па од тие причини тие само го испуштаат биолошкиот минимум, што е причината во градот покрај двата кеја на „Кочанска Река“ да се чувствува непријатна миризба.

Граѓаните реагираат на ова појава но причините за тоа не е човечкиот фактор.

И во претходните години се случувало „Кочанска Река“ да има вода само благодарение на биолошкиот минимум, но тогаш миризбата воопшто не се чувствуваше бидејќи коритото на реката беше потесно од сегашното кое „благодарение“ на надојдената река во 2013 и 2015 и те како сега е проширено.

Од системот „Брегалница“ подвлекуваат дека биолошкиот минимум и понатака ќе се испушта но доколку не падне дожд во блиска иднина и тој ќе биде сопрен во интерес на животинскиот свет во езерото.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари