Во малата сала при НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани беше отворена изложбата графики „Времето раскажува“ од младиот автор м-р Симон Илиев од Кочани.

Поставени се 18 дела кои младиот уметник ги изработено за време на студиите и по нивното завршување.

Според авторот на кого ова му е прва самостојна изложба делата се инспирирани од носталгијата на авторот кон родниот град Кочани а истите се работени во повеќе техники: сува игла, акватинта, бакропис, алграфија и литографија.

Љубителите на уметноста ќе можат да ја погледнат изложбата секој ден заклучно со Петок во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Изложбата „Времето раскажува“ е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија а истата е дел од годинешната програма на НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани.

С. Ивановски

DSC_1546

DSC_1535

CSC_1563

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари