Денес Градоначалникот на општина Виница – Ивица Димитров го потпиша договорот за Доградба на филтер станица за прочистување на питка вода за Виница и водоснабдување на санитарна вода на село Лески.

Финансиските средства за реализација на овој договор се со вкупен износ од  24.467.715,00 денари со вклучен ДДВ, каде Министерството за транспорт и врски има обврска да исплати вкупен износ од 23.519.132,00 денари а општина Виница се обврзува да учествува со износ од 948.583,00 денари.

,,Со реализација на овој проект трајно се решава проблемот за жителите на село Лески и повеќе ќе нема никакви проблеми со водоснабдување во ова село” – истакна Градоначалникот Димитров.

Општина Виница

437

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари