Како дел од годинешната Програма на НУ ЦК „Бели Мугри“ од Кочани, денес во „Фоаје 2“ беше отворена изложбата „Колективна дата база“ на академската уметница Марија Мицова Гацова од Кочани.

„Колективна дата база“ опфаќа повеќе цртежи и неколку објекти што претставува заокружен чин, сублимат на едно конкретно повеќегодишно ликовно истражување од страна на авторката.

Поставени се 30 цртежи изработени во различни техники кои љубителите на уметноста во Кочани ќе можат да ги видат во деновите пред нас.

DSCN3702

„Ова е моја втора самостојна изложба во Кочани. Изложени се цртежи и објекти направени со различни цртачки средства. Ова е продукт на моето истражување за колективната меморија и за тоа како искуствата на нашите предци влијаат на нас и на нашиот избор. Тие искуства како податоци имаат различни ликовна појавност во моите цртежи , а ние уметниците најдобро се изразуваме преку ликовниот јазик. Ги поканувам моите сограѓани да ја погледнат изложбата“, истакна  уметничката Марија Мицова Гацова.

Годинешната Програма на НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани е финансирана од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија и од Општина Кочани.

С. Ивановски

DSCN3717

DSCN3718

DSCN3723

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари