Во присуство на Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, секретарот на општината Александар Јосифов и медиумите од Општина Кочани денес во кругот на територијалната противпожарна Единица Кочани беше извршена презентација на новото противпожарно возило со сакала, марка „магерус“, донација од противпожарната служба на Крањ и од Општина Крањ.

Се работи за возило тешко 22 тони а чија скала може да достигне височина од 32 метри и истото ќе може да се користи за евакуација на лица или гаснење на пожари во висококатниците.

DSCN3626

„Возилото е марка „Магерус“  и истото ќе се користи за наши потреби, запалени станови на висококатници. Возилото има скала во должина од 32 метра и е функционално и исправно. За да го добиеме ова возило беа вклучени повеќе луѓе, Игор Велов наш сограѓанин кој живее и работи во Крањ и кој лобираше за да го добиеме ова возило. Исто така, околу донацијата помогна и колегата Влатко Јефтимов, а целокупната логистика, поддршка, транспорт и документации беше од страната на градоначалникот Илијев. Сакам да се заблагодарам од мое име и од име на нашата единица и се надевам дека со ова возило нашата општина има голема придобивка“, рече Блајог Паунов, командир на ТППЕ Кочани.

DSCN3692

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев јавно искажа благодарност до граѓаните и градоначалникот на Општината Крањ за донацијата, притоа изразувајќи надеж дека возилото нема да има потреба да се користи, но и ако дојде до такво нешто со неговата интервенција ќе бидат спасени опожарени станови во високите згради и побезбедна евакуација на жителите од тие висококатници.

Во наредниот период се очекува во Кочани да пристигнат дел од вработените од Противпожарната служба Крањ за да се спроведе комплетна обука за ракување со оваа ново за наши прилики противпожарно возило.

С. Ивановски

DSCN3655

DSCN3660

DSCN3661

DSCN3677

DSCN3678

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари