На 16.11.2020 во 23.27 часот во Полициската станица Кочани, К.А.(35) од Кочани, пријавил дека на ул.„Партизанска“ во Кочани настанал пожар на неговото патничко моторно возило „фиат брава“ со кочански регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани.

Во пожарот нема повредени лица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Кочани.

Се работи на расчистување на случајот.

ИЗВОР: Дневни билтени СВР – Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари