Љубителите на фудбалот во Кочани во Сабота и недела ќе имаат убава можност да проследат два интересни фудбалски натпревари.

Најпрвин во Сабота со почеток во 15:30 часот на програмата е натпреварот од 7-то коло во Првата Македонска Фудбалска Лига „Брегалница“ – „Младост“ (Царев Двор).

Во недела во рамките на 4-тото коло од Третата Фудбалска Лига – Исток со почеток во 15:30 часот се игра натпреварот „Осогово“ – „Слога 1934“.

За време на овој викенд ќе стартуваат и натпреварите од „Детската Фудбалска Лига“ – Источен Регион.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари